22.8 C
Skopje, NM
30/07/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Милевски: Поддршката на иновативноста на малите и средни претпријатијата е еден од клучните услови за побрз економски развој

Креираме нова Стратегија за регионален развој што ќе го детерминира развојот на планските региони во наредните 10 години.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски го отвори форумот на кој беа презентирани Студиите за економските карактеристики на планските региони, за регионалниот развој, како и за поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништвото.

– Креираме нова Стратегија за регионален развој што ќе го детерминира развојот на планските региони во наредните 10 години. Евалуацијата на претходниот стратешки документ покажа дека целите не се остварени од различни причини. Целта е да подготвиме реален документ кој ќе придонесе кон намалување на развојните разлики меѓу планските региони, рече министерот Милевски.

Тој додаде дека се подговтвени секторски анализи за сите области, меѓу кои и експертски анализи за економските карактеристики на планските региони и за поддршката на малите и средните претпријатија и на претприемништвото, од кои се очекуваат препораки за побрз и порамномерен развој. Стратегијата ќе биде подготвена до ноември, но важно е да се користат реални податоци и затоа по објавувањето на резултатите од претстојниот попис следната година, стратегијата ќе биде ревидирана, рече Милевски.

Заменикот министер, Зоран Димитровски рече дека регионалниот развој и децентрализацијата се исклучително важни и во контекст на Европските перспективи на земјата.

– Само со силни општини и со региони со воедначени развојни ресурси може да се забрза процесот на интегрирање на земјата во Европската Унија и да се подобри животниот стандард на граѓаните, рече Димитровски.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More