21.7 C
Skopje, NM
24/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Мицкоски: Зa Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање

За Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање, тоа е завршена работа, тоа е стекнато право. Гоце Делчев е дел од нашиот национален идентитет. Врз основа на тој лик ние сме создале држава, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој го изнесе и својот став во однос на бугарскиот Меморандум.

-Заев е виновен по многу работи, но во овој случај имаше јасно подадена рака од опозицијата и јас тоа го кажав на онаа прва лидерска средба кога практично зборувавме за предвремените парламентарни избори, тоа беше онаа прва кај Стево Пендаровски кога требаше да се одржат предвремените парламентарни избори на 12 април, значи средбата некаде беше после она фијаско на октомврискиот самит на Европскиот совет кога не добивме јасна препорака за отпочнување на преговори, што сеуште ја немаме, иако е најавувана уште од пред две години, но не се. Уште тогаш реков меморандумот што беше производ на парламентот на нашиот источен сосед да дадеме одговор со консензус на сите политички партии, на тој начин ние ќе ја оцртаме нашата позиција, заедничка државна позиција и тоа практично ќе биде позиција позади која што ќе застанат сите сериозни политички партии кои имаат свои пратеници во Парламентот. Тогаш од страна Зоран Заев и Стево Пендаровски бев убедуван дека тој документ што е изработен во бугарскиот Парламент е документ кој што практично служел за мобилизација за локалните избори кај нашиот источен сосед, вели Мицкоски.

И денеска, дополни, гледаме повторно една груба манипулација со јавноста и тоа јавноста треба да го знае, а тоа е дека решението било дека нашиот источен сосед ќе си го чествува Гоце Делчев како нивен, а ние ќе си го честуваме како наш.

На прашањето кое решение е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека не треба да се поништува и брише историјата.

-Па сега е така ситуацијата, сега ние го чествуваме Гоце Делчев како Македонец што и е како човекот кој што се борел за оваа современа македонска држава кој е опеан во нашата химна кој што претставува дел од нашиот идентитет. Зошто ние преговараме кога и сега е така,  а кај нашиот источен сосед они си го чествуваат како нивен, имаат град Гоце Делчев и т.н. Што е разликата од сегашната реална фактичка ситуација. Зошто ние сега фингираме разговори ако за ова преговараме, и сега е така. Целта не е така, погледајте ја само последната изјава на еден евро пратеник кој доаѓа од редовите на владејачката партија кај нашиот источен сосед и тој ќе ви каже дека не е тоа тоа. Дека според нив ваквиот начин на приоѓање кон ликот и делото на Гоце Делчев претставувало фалшлива југословенска историја. Дека требало да се сменат учебниците дека требало комплетно историјата да се смени практично ние треба прифаќајќи ги преговорите за ликот и делото на Гоце Делчев како држава да прифатиме дека сме нација која што постои од 45-тата па наваму, наведува Мицкоски.

Па има ли, прашува, поголемо понижување да преговарате и да велите дека нашите предци мојата баба , мојот дедо, мојата прабаба, прадедо кои што загинале борејќи се за Македонија кои што говореле македонски јазик сето тоа да го поништиме и избришеме затоа што сега некој неспособен политичар го ставил на маса за преговарање.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More