19.8 C
Skopje, NM
21/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Мицкоски: Доколку ја предводам следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја поништам одлуката за Гоце Делчев

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на својата последна Facebook Live сесија, на која одговара на граѓански прашања, рече дека доколку во иднина биде премиер ќе ја поништи евентуалната одлука на Владата на Зоран Заев во рамки на Договорот за добрососедство со Бугарија да се прогласи Гоце Делчев за Македонец во регионална смисла, а за Бугарин во етничка.
Оваа теза вчера ја постави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, засега како непотврдена информација од дипломатски кругови, додека актуелната Влада експресно ја демантираше уште истиот ден.

„Ова ќе биде апсолутно на негова одговорност, владина одлука која следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, доколку ја предводам јас, веднаш таа одлука ќе ја поништи и нема никогаш понатаму да ја почитува истата-најави Мицкоски“, рече лидерот на најголемата опозициска партија.

Тоа според Мицкоски значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонската држава, како и дополнително понижување.

https://www.facebook.com/watch/?v=680847346161565

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More