21.7 C
Skopje, NM
24/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Мицкоски до Гир: Правдата е селективна, им се суди само на луѓе од опозицијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски, остварија средба со новиот евроамбасадор Дејвид Гир.

Како што информираат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во земјава.

Во текот на средбата Мицкоски на евроамбасадорот Гир му ги посочил главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

„Со новиот мандат на старата влада на СДСМ веднаш се качи цената на струјата за 7.4%. Наместо власта да помогне на граѓаните во справување со економската криза, таа ги качува даноците. Економијата е пред колапс, власта придонесе над 40.000 граѓани да останат на улица, а БДП да падне на -12.7%. Околу 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата, односно денот го поминуваат со 50-тина денари. Токму економската состојба во Македонија говори за способноста на власта да се справи со Ковид-19 и економската криза“, истакнал Мицкоски.

Како што се наведува во соопштението, евроамбасадорот Гир бил информиран и за степенот на криминал во Македонија.

„Во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво, а правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата“, посочил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој додал дека како одговорна политичка партија имаат јасни и конкретни политики кои ќе ја насочат Република Македонија на вистинскиот пат.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More