15.8 C
Skopje, NM
28/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Мета: Албанија не исполнува услови за оддржување прва меѓувладина конференција

Албанскиот претседател Илир Мета смета дека Албанија е многу далеку од исполнување на условите што се потребни за одржување на првата меѓувладина конференција за што го обвини владеачкото мнозинство.

– На прошталната средна со француската амбасадорка Кристина Васак, оценив дека политичката одлука на Советот на Европа од март месец за отворање на преговорите за членство е историска можност за Албанија. Но, за жал, нагласив дека нашата земја е многу далеку од исполнување на условите што потребни за одржување на првата меѓувладина конференција, со брутално и еднострано кршење од страна на владеачкото мнозинство на договорот од 5 јуни за изборниот законик, напиша Мета на неговиот Фејсбук профил.

Додава дека ќе му даде последна шанса на, како што го нарекува, „еднопартискиот Парламент”, да го почитува договорот по јавно упатеното барање на Европската народна партија (ЕПП). Со усвојувањето на измените на Изборниот законик, Мета и опозицијата го обвинија премиерот Еди Рама и мнозинството за кршење на договорот од 5 јуни, кој беше поддржан и од меѓународните партнери САД и ЕУ, кои беа ангажирани во постигнување на консензус околу изборниот законик.

И покрај тоа што Мета најави дека нема да го потпише законот и ќе го врати на повторно разгледување во Парламентот, Рама му возврати дека „потпишан или не, нека го врати што побрзо за да почне да се имплементира”.

Инаку Мета на средбата високо ја оцени улогата на амбасадорката во унапредување на блатералните односи и за искрената поддршка на нејзината земја во процесот за европска интеграција на Албанија.

Тој изрази уверување дека стапувањето во сила на договорот со француската агенција за развој (AFD), ќе даде значителен поттик на развојните проекти во Албанија и ќе го зголеми интересот за поголемо економско присуство на Франција во Албанија.

Related posts

Gati dy mijë qytetarë kanë nënshkruar peticionin për zgjidhjen e problemit me qentë e pastrehë në Gostivar

Admin

Apel për kumanovarët që akoma nuk janë regjistruar

Admin

Mickovski nuk pret fitore në Shkup

Admin

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com