18.8 C
Skopje, NM
28/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Македонските модели и нивните мајки: Миа и Кристина се вонсериски убавици

„Уште првиот пат кога се појави на кастинг за модели, Миа Симоновска само доби потврда од модната агенција Моделс Ин Менаџмент дека изгледа фантастично и дека е создадена за оваа професија. Многу малку модели ги поседуваат сите потребни квалитети за да прераснат во супер модели, но ние ги видовме сите тие нешта во Миа”, вели Алек Наумовски еден од косопствениците на Моделс Ин, за неговата прва средба со сега веќе успешниот модел Миа Симоновска.

Во серијата содржини посветени на македонските модели и нивните мајки, ве запознаваме и со овој вонсериски тандем мајка и ќерка, Миа и нејзината мајка Кристина од кого очигледно ги има наследено убавите гени.

„Кристина покрај вонсериската убавина ги поседува сите квалитети на една урбана и современа мајка. И не би бил голем комплимент ако им кажете дека се како сестри бидејќи тоа навистина така изгледа”, додава Алек.

Миа вели дека ги научила најважните животни лекции токму од Кристина, дека со дисциплина и работа на себе секој сон може да се претвори во стварност.

„Мојата мајка е човек во кого гледам голем пријател, бескрајно ја почитувам и го ценам секој нејзин напор за ова што сум денес”, вели Миа.

Инаку кариерата како модел ја вивна во самиот врв, па веднаш беше забележана од модните агенти кои во соработка со нејзината матична агенција ѝ понудија договор за светска кариера. Нејзиното време допрва доаѓа, а Кристина е тука за добронамерен совет и поддршка, впрочем и како секоја горда мајка.

Related posts

Gati dy mijë qytetarë kanë nënshkruar peticionin për zgjidhjen e problemit me qentë e pastrehë në Gostivar

Admin

Apel për kumanovarët që akoma nuk janë regjistruar

Admin

Mickovski nuk pret fitore në Shkup

Admin

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com