30.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Спорт

Куман признава: Меси не е во најдобра форма

Роналд Куман признава дека Лионел Меси не е во најдобра форма, но не се жали на посветеноста и на работата на капитенот на Барселона по неговиот неуспешен обид да си замине од клубот во текот на летото.

Во четири меча во Ла лига, Меси има постигнато само еден гол, пенал при 4:0 победата над Вилјареал минатиот месец и нема ниту една асистенција, а има и создадено само шест шанси, далеку зад лидерот во лигата, Давид Фереиро со дури 22. Пред првиот меч од Лигата на шампионите против унгарскиот Ференцварош, тренерот вели дека е задоволен од неговото залагање и дека подобрата форма ќе дојде.

„Секогаш има притисок да се победи како фудбалер и тренер на Барселона. Ја знаеме ситуацијата на клубот, има работи надвор од теренот на кои не можеме да влијаеме. Но, можеме да работиме со тоа што го имаме и да одиме меч по меч. Формата на Меси може да биде подобра во моментов, но тој е среќен, тренира добро, фокусиран е и сака да биде капитен и лидер на тимот. Не се жалам и не сум загрижен бидејќи имаме постигнато осум гола во четири меча, што малку тимови го имаат. Против тимови како Севилја и Хетафе не е лесно да се креираат шанси“, вели Куман.

Related posts

Левандовски ги победи Меси и Роналдо за наградата на ФИФА

Lea Musliju

Казната на Русија скратена на две години, остануваат без химна и знаме

Lea Musliju

Волејот на Ибрахимовиќ е најдобар гол во историјата на МЛС лигата

Lea Musliju

„Овој Манчестер јунајтед може да ја освои титулата“

Lea Musliju

Клоп ќе остане без омилениот „џокер“

Lea Musliju

Ривер Плејт го декласираа Насионал

Lea Musliju

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More