34.8 C
Skopje, NM
22/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Регион

Косовските власти не му дозволија на српскиот министер Шарчевиќ да влезе во земјата

Министерството за надворешни работи на Косово не му дозволи на министерот за образование на Србија, Младен Шарчевиќ да влезе во земјата.

Како што објави порталот Газета експрес, ова е како одговор на „продолжувањето на кампањата“ против Косово од страна на властите во Белград.

Како што јави МИА од Приштина, Шарчевиќ, врз основа на протоколи за меѓусебни посети на официјални претставници на Косово во Србија и обратно, побарал да го посети Универзитетот во Северна Митровица, општина во северниот дел на Косово, населена со мнозинско српско население.

Барањето на српскиот министер, според изворите на приштинскиот медиум од косовското МНР, му е одбиено поради повеќе дејствија на Белград насочени против косовската држава.

-Има неколку причини поради кои е одбиено барањето: Владата на Србија ја продолжува кампањата против признавањето на независноста на Косово; Владата на Србија постојано ги ажурира меѓународните потерници во Интерпол за наводни воени злосторства на граѓаните на Косово и поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово; исто така, Владата на Србија, наспроти постојаното унапредување на правата на српската заедница во Косово, продолжува да навлегува во проектите на Република Косово за подобро интегрирање на тоа малцинство, се вели во образложението на косовското МНР.

Ова е втор пат како косовските власти го спречуваат Шарчевиќ да влезе во земјата, откако во јуни 2019 година му беше одбиено барање, заедно со директорот на Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, Марко Ѓуриќ, да ги посети факултетите во рамките на државниот универзитет во Приштина сместени во Северна Митровица.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More