22.8 C
Skopje, NM
30/07/2021
DailyNews.mk
Мода

Кога имаме добар есенски шешир, не мислиме на фризурата


Променливо време, ветровито и влажен воздух – овие временски услови и не се најдобар пријател на нашата коса.

Особено ако вообичаено ја пеглате косата, тогаш ви е кристално јасно за што зборуваме.

Но, секогаш постојат мали, магични трикови што ќе ни помогнат во ваква ситуација.
Еден од нив е есенскиот, дамски шешир.

Во еден потег добивате и впечатлив изглед, а притоа не мора да се грижите за косата, која може да ја пуштите или пак да ја врзете во опавче. Шеширот го има главниот збор.

Деновиве имаме совршена прилика да ја отвориме новата сезона на есенски шешири, чиј дизајн варира во однос на формата, материјалите од кои е изработен, колоритот, па и деталите со кои е декориран.
Од ретро модели со широка лента до шешири со широк обод, обоени во земјени нијанси, до елегантни црни и бели, украсени со брош.

Може да ги комбинирате со впечатлив накит како обетки или масивен ѓердан, доколку сакате да го потенцирате вашиот аутфит.

И секако, шешир може да носите во секоја прилика кога преферирате впечатлив изглед, не само во денови со „лоша фризура”.

Related posts

Панк, одела и сексапил во новата колекција на Живанши

Lea Musliju

Алберта Ферети: Практична колекција за жени со самодоверба

Lea Musliju

Македонските модели и нивните мајки: Миа и Кристина се вонсериски убавици

Lea Musliju

Врвот на елеганцијата во новата колекција на Емпорио Армани

Lea Musliju

40 фустани кои можат да бидат достојна замена за венчаниците

Lea Musliju

Фантастична колекција на Диор: И комфорот може да биде луксузен

Lea Musliju

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More