19.8 C
Skopje, NM
21/06/2021
DailyNews.mk
Свет mk

Кина ја поддржа светската иницијатива за вакцинација

Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека земјата и официјално се приклучила на глобалната иницијатива за вакцинација позната како COVAX, со што стана најголемата економија која се обврза дека ќе помогне во финансирање на дозите на вакцини во земјите со низок и среден приход.

Во соопштението на Министерството не се откриени детали за тоа колку помош ќе пружи Пекинг, иако претседателот Си Џинпинг во мај вети 2 милијарди долари во текот на следните две години за да помогне во борбата против пандемијата на коронавирусот, од кој досега починаа над еден милион луѓе ширум светот.

„Го преземаме овој конкретен чекор за да обезбедиме рамномерна дистрибуција на вакцини, особено до земјите во развој и се надеваме дека и побогатите земји ќе се приклучат и ќе го поддржат COVAX“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунинг.

Глобалната иницијатива COVAX, предводена од Светската здравствена организација (СЗО), планира да достави најмалку две милијарди дози вакцини до крајот на 2021 година.

СЗО претходно објави дека преговара со Кина да се приклучи на иницијативата, а Русија и САД донесоа одлука да не се приклучат

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Во Италија масовно апсење поради детска порнографија

Admin

ЕК: Вакцина за сите во исто време, сразмерно бројот на жители

Admin

Навални: Знам кој сакаше да ме убие

Admin

Нов Зеланд – единствена земја во светот која се справи со коронавирусот

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More