23.8 C
Skopje, NM
19/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Каракачанов: Бугарија не е против, но смета дека не е време за меѓувладина конференција

Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Тој за за бугарската ТВ Европа истакнува дека никој не сака да се воведат нови критериуми за Северна Македонија, но оти постои многу јасен услов на ЕУ: секоја земја кандидат за членство мора да ги расчисти проблемите со соседите пред да започне преговори, пренесува БГНЕС.

– Бугарија нема што да менува во својата политика. Во октомври минатата година многу јасно кажавме дека ако не се почитува Договорот за пријателство меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од 2 август 2017 година, ќе се спротивставиме на закажувањето на првата меѓувладина конференција, вели Каракачанов.

Тој упатува и критики кон поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, дека три години не е направено ништо за подобрување на билатералните односи, како и кон Драги Ѓоргиев, копретседавач на заедничката Комисија за историски и образовни прашања.

– Тие мислат дека можат да ги прикријат работите. Тие замислуваат дека некој во Брисел или низ целиот свет ќе ја притисне Бугарија и ние ќе клекнеме. Очигледно, не разбраа што е ЕУ и како работи. Имаа три години да се превоспитаат. Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција. Кога некој не е подготвен да се појави во прво одделение, има предучилишна подготовка. Во моментов зборувам во име на владата, изјави Каракачанов.

Related posts

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

Diabetes and Covid 19: Self-care tips to manage the condition amid pandemic

Admin

Buckingham Palace garden visitors write bad reviews on TripAdvisor: ‘I feel robbed by royals’

Admin

Princess Beatrice opens up about living with dyslexia: Know all about the learning disorder

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com