10.8 C
Skopje, NM
15/06/2021
DailyNews.mk
Свет mk

Канада и Велика Британија со санкции против Лукашенко

Канада и Велика Британија денеска наметнаа санкции против Александар Лукашенко и пет членови на Владата на Белорусија, по речиси двомесечните протести и репресии против мирните протестанти. 

Под санкции потпадна и Виктор Лукашенко, најстариот син на самопрогласениот претседател на земјата.  

Во Белорусија речиси два месеца се одвиваат протести против режимот што употребува несразмерна сила, агресија и селективно задржување на мирните протестанти. 

Санкциите предвидуваат, меѓудругото, забрана на Лукашенко и другите санкционирани лица за патување во овие земји и замрзнување на нивните сметки во странство.  

Европската Унија се уште калкулирас со санкции против режимот во Белорусија, но поради консензуалното одлучување не може да го стори тоа.  

Вето на оваа одлука стави Република Кипар, поврзувајќи го гласањето за санкции против Лукашенко со воведување санкции и против Турција поради дупчењата што го прави во Источен Медитеран.

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Во Италија масовно апсење поради детска порнографија

Admin

ЕК: Вакцина за сите во исто време, сразмерно бројот на жители

Admin

Навални: Знам кој сакаше да ме убие

Admin

Нов Зеланд – единствена земја во светот која се справи со коронавирусот

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More