1.8 C
Skopje, NM
25/10/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

ИВЗ по средбата со Стојанче Ангелов: Пристрасно и злонамерно информирање за нашите разговори

Националните и историските вредности, како што се оние на ОВК – Национално ослободителната армија – или други организации, не беа и не можеа да бидат тема на разговорот. Обидот дел од оваа средба да се стави надвор од контекст е пристрасно и злонамерно. Ова што го зборуваме го потврдува дистанцирањето на директорот на Центарот за управување со кризи во синоќешните вести на ТВ Сител и на неговиот личен профил на Фејсбук, се вели во реакцијата на Исламската верка заедница по вчерашната средба со директорот и заменик директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и Екрем Зендели.

На средбата се разговараше за состојбата на кризата прогласена од државните институции како резултат на справување со глобалната пандемија на ковид-19, како и за меѓуинституционалната соработка во итни ситуации како што се земјотреси, поплави, пожари…

„Во едно мултиетничко и мултиконфесионално општество, како што е македонското, толеранцијата, соработката и меѓусебното почитување е основа врз која мора да се гради заедничката демократска држава на законот и редот, правата и слободите на секој граѓанин мора да бидат загарантирани, без оглед на националноста или верската припадност.

Судските процеси поставени на етничка или верска основа не смеат да ги уништуваат судбините на невините индивидуи и на демократското општество како целина. Правото на протест и изразување на слободна мисла се демократски вредности и непобитен дел од основните права на човекот, општеството и индивидуата. Затоа, треба да се осуди секоја тенденција овие права да се ограничат или злоупотребат за тесни приватни интереси и провокации.

Секако дека е непобитен факт, и ние сме горди на тоа, дека ОВК е вредноста што го смени политичкиот и правниот статус на Албанците и, зошто да не, и на сите други заедници во РCМ, што резултираше со потпишувањето на Охридскиот меѓународен мирoвен договор, кој беше вграден во Уставот на РСМ и го отвори патот за реформскиот процес кон евроатлантските интеграции (ЕУ и НАТО) на РСМ“, се вели во реакцијата на ИВЗ.

Related posts

Gati dy mijë qytetarë kanë nënshkruar peticionin për zgjidhjen e problemit me qentë e pastrehë në Gostivar

Admin

Apel për kumanovarët që akoma nuk janë regjistruar

Admin

Mickovski nuk pret fitore në Shkup

Admin

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com