30.8 C
Skopje, NM
27/07/2021
DailyNews.mk
Регион

Истанбул и мега аеродромот ќе бидат поврзани со брзо метро

Министерот за транспорт и инфраструктура на Турција на прес конференција изјави дека новата линија на метрото во Истанбул, што го поврзува срцето на градот со мега аеродромот, ќе биде отворена до крајот на април 2021 година, објави „Сабах“.

Зборувајќи со новинарите по инспекција на градежните работи на метрото, Адил Караисамилоглу истакна дека првиот дел од проектот меѓу областа Кагитане и аеродромот во Истанбул ќе биде отворен, додека вториот дел е предвидено да заврши во 2022 година.

– Во моментов, 4.500 вработени работат на завршување на проектот. Со завршувањето на тековните проекти, метро-мрежата во Истанбул ќе достигне 324 километри-, рече министерот.

Новата линија ќе превезува патници од Гајретепе, до Шишли, во европскиот дел на Истанбул, до новиот аеродром за само 35 минути.

Метро линијата ќе има должина од 37,5 километри, вклучува девет станици и ќе биде најбрзата во земјата, каде возовите ќе сообраќаат со 120 километри на час.

Пругата се очекува да опслужува околу 600.000 жители на Истанбул дневно и значително да го намали копнениот сообраќај во градот Босфор.

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Евростат: Бугарите се најсиромашни во ЕУ

Admin

Хаг бара Црна Гора да истражи 15 лица обвинети за воени злосторства

Admin

Харадинај: Да ги зачувавме даноците, Србија ќе не признаеше

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More