DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Хрватска верува дека Македонија до крајот на годинава ќе ги почне преговрите со ЕУ

Владата на Македонија е во дипломатска офанзива да добие датум за отпочнување на преговрите со ЕУ, со одржувањето на првата меѓувладина конференција до крајот на годинава. Министерот за надоврешни работи Бујар Османи денеска доби поддршка од хрватскиот државен врв. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Загреб ќе ја поддржува Македонија патот кон ЕУ, а шефот на дипломатијата Гордан Грлиќ Радман изјави дека  ќе помагаат и во реформскиот пат на земјава.

– Во следниот период ние ќе го поддржиме постигнувањето консензус помеѓу земјите членки на ЕУ за преговарачката рамка, за Северна Македонија што поскоро да ја оддржи првата меѓувладина конференција, се надевам до крајот на оваа година, за време на германското претседателство. – изјави Радман.

-Сакам да бидам искрен, со оглед на постигнатиот реформски напредок, со оглед на нашиот долг европски пат, сметам дека заслужено очекуваме ова да се случи до крајот на оваа година, за време на германското претседателство со Советот на ЕУ – изјави македонскиот министер за надворешни работи Османи.

Сепак се пореални стануваат и бугарските закани за вето, кои се косат со вредностите на 21 век. Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, денеска порача дека принципите на Унијата, зависат од тоа како ЕУ ќе се постави кон правото на самоопределување на македонскиот народ.

– Како Европската Унија ќе се постави кон ова прашање – правото на македонскиот народ на самоопределување ќе влијае врз тоа дали и понатаму ќе можеме на Унијата да гледаме како на заедница на вредности и принципи. – изјави Димитров.

Во моментот во Унијата интензивно се преговара за усвојување на преговарачката рамка, во која засега не се знае дали ќе влезат барањата на официјална Софија.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More