31.8 C
Skopje, NM
22/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Свет mk

Гутереш повика на единство меѓу земјите против глобалните предизвици

Само поблиска и поефикасна соработка може да ги реши многуте предизвици со кои се соочува светот, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на денешното отворање на сесијата по повод 75-годишнината од постоењето на Обединетите нации.

Тој додаде дека геополитичките тензии ескалираа од основањето на Обединетите нации и дека нуклеарното оружје стана главната закана.

Според него, најновите настани и особено пандемијата на новиот коронавирус ја покажаа целата ранливост на светот, поради што земјите мора да се обединат за заедно да ги решат проблемите.

– Меѓународната соработка е клучна за справување со реалноста. Солидарноста е попотребна од кога и да е досега, потенцираше Гутереш.

Зборувајќи за основањето на Обединетите нации, тој рече дека биле потребни две светски војни и милиони жртви за светските лидери да се договорат за соработка и владеење на правото што доведе до резултати.

– Пред нас се многу предизвици, како што се климатските промени, зголемување на гладта во светот, но и зголемената омраза, рече генералниот секретар на Обединетите нации.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More