23.8 C
Skopje, NM
19/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Гренел: САД ќе ги исполнат ветувањата дадени на Белград, насочени сме на економски развој на регионот

Специјалниот претставник на американскиот претседател за преговорите на Србија и Косово Ричард Гренел изјави денес во Белград дека САД се сериозни во намерата да ги исполнат ветувањата кон Белград и Приштина и да ги претворат во нови работни места.

„Сакаме да ги исполниме ветувањата кои претходно им ги дадовме на претставниците на Србија, не сакаме да се занимаваме со зборови туку да се насочиме на економскиот развој во корист на народот“, им кажа Гренел на новинарите.

По средбата со претседателот и премиерката на Србија, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ, и делегацијата на владата на САД која ја предводи извршниот директор на американската корпорација за меѓународен развој ДФЦ Адам Болер, Гренел кажа дека „симболиката е важна, но дека таа не носи храна“.

„Многу ветувања му се дадени на народот на Србија во текот на годините, се надевам дека нѐ држите за збор, не само за договорот од 4 септември од Белата куќа, туку и за претходните три договори (за автопатот, железницата и авионскиот сообраќај)“, кажа Гренел.

Тој истакна дека шефот на Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп, е „решен да дојде во Белград“.

„Изрази желба да дојде, но немам датум. Вучиќ на претседателот Трамп му понуди голема визија за тоа што може да очекува од доаѓањето во Белград“, додаде Гренел.

Related posts

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

Diabetes and Covid 19: Self-care tips to manage the condition amid pandemic

Admin

Buckingham Palace garden visitors write bad reviews on TripAdvisor: ‘I feel robbed by royals’

Admin

Princess Beatrice opens up about living with dyslexia: Know all about the learning disorder

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com