24.8 C
Skopje, NM
25/06/2021
DailyNews.mk
Регион

Грција задоволна од заклучоците на Самитот на ЕУ

Текстот со заклучоците ги одразува грчките позиции, коментираат грчки владини извори за заклучоците на шефовите на владите и државите на ЕУ во однос на Турција, јави дописничката на МИА од Атина.

Додаваат дека преговорите биле тешки, а конечниот текст што беше усвоен „е многу подобар за позициите на Грција и Кипар од оној што првично беше предложен“, па така „ЕУ испраќа порака на единство, солидарност и решителност“.

Според истите извори, Унијата ќе ги искористи сите алатки што ѝ стојат на располагање за да ги одбрани нејзините интереси и интересите на нејзините земји-членки, во случај на еднострани активности, ќе ги следи случувањата и ќе ги преземе соодветните одлуки најдоцна до самитот во декември.

Текстот што првично беше предложен како основа за дискусија, не беше прифатен од Грција, бидејќи, како што објасни портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас во синоќешното интервју за „ЕРТ“, „не бил избалансиран“.

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Евростат: Бугарите се најсиромашни во ЕУ

Admin

Хаг бара Црна Гора да истражи 15 лица обвинети за воени злосторства

Admin

Харадинај: Да ги зачувавме даноците, Србија ќе не признаеше

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More