10.8 C
Skopje, NM
15/06/2021
DailyNews.mk
Економија

Градежните компании ќе инвестираат 1 милијарда евра ако им се овозможи непречено да работат

Градежниот сектор како еден од секторите двигатели на македонската економија може да придонесе за излез од кризата и со тоа и за забрзување на економскиот развој во периодот на закрепнување доколку му се овозможат услови за работа – oваа порака денеска му ја пренесе претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, Ивица Јакимовски, на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со кого ја имаше првата официјална средба.

Јакимовски потенцираше дека итно, без одложување треба да се преземат две важни активности. Прво да прекине мораториумот за градба во општините бидејќи, како што рече, ја оневозможува работата на градежните компании и тие трпат големи штети и да се забрза со донесувањето на деталните урбанистички планови во општините каде што оваа постапка веќе е започната. Второ е да се надмине проблемот на кој се укажува подолго време, а тоа е не запазување на законските рокови за издавање соодветна документација и дозволи од страна на општините со што се кочат градежните проекти.

„Градежни компании кои се членки на Градежната комора изразуваат подготвеност да инвестираат 1 милијарда евра во наредните три години. Тоа е потребно во време на криза. Ние како компании преземаме обврска да инвестираме во проекти кои веќе постојат и бараме од централната и локалната власт да преземат конкретни мерки и чекори за да се создадат услови за почнување на реализацијата на проектите. Нашето конкретно барање е да ни се дозволи да инвестираме и на тој начин да се помогне на населението и стопанството во време на криза“, изјави Јакимовски.

Related posts

Пошта месецов ќе склучи договор со „Халк банка“, платниот промет ќе почне до март

Admin

Догодина постепено стабилизирање на странските директни инвестиции, вели гувернерката Ангеловска Бежоска

Admin

Косовската дијаспора годинава испратила во земјата 800 милиони евра

Admin

Помош од 6.000 денари, на одредени места ќе може да се трошат парите

Admin

Бектеши: В понеделник ќе ја објавиме мерката за враќање на туристичката такса од 2019 година

Admin

ВИДЕО: 17.2 милиони евра ќе бидат поделени на 400 компании за помош од ковид-кризата

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More