21.7 C
Skopje, NM
24/06/2021
DailyNews.mk
Спорт

Франција ја декласираше Украина – совршена вечер за херојот Оливие Жиру

Оливие Жиру вечерва имаше чест да ја носи капитенската лента на актуелните светски шампиони, Франција, за кои го одигра својот 100. натпревар, а вечерта на „Стад де Франс“ да биде совршена се погрижи со два гола за да помогне при 7:1 триумфот над Украина во пријателски меч и за поминување на Мишел Платини на второто место на вечната листа на стрелци.

Честопати критикуван и потценуван (посебно од поранешниот соиграч Карим Бензема), по прекрасниот гол на младиот Едуардо Камавинга на стартот на мечот, Жиру постигна два гола, во 24. и 34. минута за да стигне до 42 гола за Франција, поминувајќи го Платини (41) и останувајќи само зад Тјери Анри, кој има 51 гол.

По ова, Французите во „славеничка“ атмосфера го декласираа тимот на Андриј Шевченко. Миколенко во 39. минута си даде автогол за 4:0, пред Виктор Циганков да намали на 4:1 во 53. минута.

Финишот на мечот му припадна на Килијан Мбапе – прво му асистираше на Корентин Толисо во 65. минута, за во 82. минута да се запише во листата на стрелците, пред Антоан Гризман во 88. минута да ги постави конечните 7:1.

Related posts

Левандовски ги победи Меси и Роналдо за наградата на ФИФА

Lea Musliju

Казната на Русија скратена на две години, остануваат без химна и знаме

Lea Musliju

Волејот на Ибрахимовиќ е најдобар гол во историјата на МЛС лигата

Lea Musliju

„Овој Манчестер јунајтед може да ја освои титулата“

Lea Musliju

Клоп ќе остане без омилениот „џокер“

Lea Musliju

Ривер Плејт го декласираа Насионал

Lea Musliju

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More