39.8 C
Skopje, NM
29/07/2021
DailyNews.mk
Анализи

Финаиските разузнавачи од Македонија ќе учат од холандските колеги

Македонски сомнителни сметки се замрзнати во Монако, а информации за трансфер на пари на Кипар помогнале во истрага на СЈО. Ова е само дел од искуството на финансиското разузнавање за спречување на нелегални текови на пари добиени со криминал. Сега финаиските разузнавачи од Македонија ќе учат од холандските колеги како да спречат криминална злоупотреба на крипто валутите.  

Во сите обвиненија и предмети каде има перење пари Управата за финансиско разузнавање е вклучена со наоѓање информации, тврди директорот на Управата Блажо Трендафилов кој објаснува дека македонското разузнавање има пристап до Егмонт групата од 165 земји кои имаат брза размена на информации за сомнителни финансиски трансакции. Финансиското разузнавање има обезбедено информации и за СЈО за сметки во Кипар и даночни раеви каде биле сокривани пари од криминални активности во државата. Најпознатата заплена на Управата се парите во Монако добиени од продажба на Дијамед на шведска компанија за што сопствениците на парите тврдат дека се дел од шемата за рекет иако случајот се уште се истражува.

ТОНСКИ Блажо Трендафилов, ДИРЕКТОР НА УПРАВА ЗА ФИНАНСИСКО РАЗУЗНАВАЊЕ

Кривично дело перење пари многу тешко се докажува особено за професионални чистачи на криминално стекнати пари.

Управата има уште многу за учење, но и за екипирање, а тоа ќе го добие со проектот на Демокрацилаб финансисан од Холандија. Една од лекциите што ќе ја добијат е како да се спречи злоупотреба на крипто валути, а лекции како против перење пари ќе има и за бизнис заедницата.

Според директорот, македонското финансиско разузнавање е најдобро рангирано во регионот за борбата против перење пари, а напредокот е постигнат последните 3 години.

Related posts

Пиењето и пушењето кај младите опаѓа, но расте ризикот од други зависности

Admin

Што е попис на населението

Admin

Несторовска: Забележан континуиран пораст на деца жртви на трговија со луѓе, потребна поенергична акција за справување со модерното ропство

Admin

Анализа на „Гардијан“: Дали имунитетот на стадо ќе го запре ширењето на корона вирусот?

Admin

Во септември пораснале трошоците на живот и цените на мало, споредено со лани

B.M

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

B.M

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More