19.8 C
Skopje, NM
21/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Филипче: Засега нема потреба од дополнителни мерки

Нема потреба од дополнителни мерки и рестрикции од веќе предложените – уверува министерот за здравство Венко Филипче и покрај драстичниот пораст на бројките на новозаразени од Ковид во земјава. Тие мерки пак кои веќе се испорачани како препораки од Комисијата за заразни болести до Владата – ќе почекаат законски измени. Деновиве здравствените власти имаат консултации и разговори со пратениците околу начинот како сето тоа да се спроведе. Кога ќе се измени Законот, ќе може да се спроведуваат мерките како носење маска на отворено, примање на не повеќе од четири гости во домот , и не повеќе од четворица собрани после 22 часот надвор.

Во меѓувреме, порастот на бројот на новозаразени го наметна прашањето и дали Владата ќе се премисли и ќе ја укине можноста за патување во Косово и оттаму, без негативен ПЦР тест. Премиерот Заев отфрли било каков сомнеж дека има разногласие помеѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ по ова прашање. Секоја одлука зависи од ставот на Комисијата за заразни болести. Ако патувањата во и од Косово се причина за раст на бројките можно е носење на секаква одлука.

Претходно Владата одлучи да дозволи ПЦР тестот да не е пресуден при поминување на границата, а одлуката е со важност од пред два дена. Причина за носењето на истата од Илинденска бр. 2 велат дека е остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, но со препорака патувањето да се сведе на минимум и само за неодложни потреби. Но, и покрај тоа деновиве сме сведоци на редици автомобили на граничните премини.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More