33.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Свет mk

ЕУ воведе санкции за 40 лица од Белорусија

Лидерите на Европската Унија рано утрово се согласија да воведат санкции за 40-ина лица од Белорусија кога Кипар го повлече своето противење поради барањето Унијата да ја казни и Турција поради тензиите на истокот на Средоземното Море.

Санкциите не го вклучуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко

„Имавме двојна стратегија“, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на прес-конференција по првиот ден од самитот, кој заврши по полноќ.

„Ние изјавуваме дека сакаме да обезбедиме шанса за политички дијалог. Од друга страна, остануваме цврсто на нашите вредности и поддршката за Грција и Кипар. Ние сме подготвени да се вклучиме во позитивна програма со Турција под услов таа да сака да учествува попозитивно со нас“, рече Мишел.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, по состанокот на лидерите на 27-те земји членки, изјави дека ЕУ може да воведе санкции против Анкара доколку турските провокации и притисоци продолжат на истокот на Медитеранот.

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Во Италија масовно апсење поради детска порнографија

Admin

ЕК: Вакцина за сите во исто време, сразмерно бројот на жители

Admin

Навални: Знам кој сакаше да ме убие

Admin

Нов Зеланд – единствена земја во светот која се справи со коронавирусот

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More