34.8 C
Skopje, NM
29/07/2021
DailyNews.mk
Свет mk

ЕУ состави список на лица одговорни за труењето на Навални, ќе им воведе санкции

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ составија список на одговорните за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, против кои ќе бидат воведени санкции.

На списокот има шест лица од безбедносниот апарат и државниот истражувачки институт за органска хемија и технологија. Санкциите вклучуваат забрана за патување во ЕУ и замрзнување на имотот.

Одлуката треба да ја потврдат владите на земјите-членки преку писмена постапка и ќе стапи на сила во четврток во официјалниот весник на ЕУ.

Политичкиот договор за санкциите е постигнат во понеделникот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки.

Договорот е постигнат на предлог на Германија и Франција со образложение дека не добиле веродостојно објаснување од Москва за фактот дека во телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е пронајден нервниот отров новичок, развиен за време на Советскиот Сојуз.

Ова го потврди Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ).

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Во Италија масовно апсење поради детска порнографија

Admin

ЕК: Вакцина за сите во исто време, сразмерно бројот на жители

Admin

Навални: Знам кој сакаше да ме убие

Admin

Нов Зеланд – единствена земја во светот која се справи со коронавирусот

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More