DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

ЕК денеска го објавува извештајот за Северна Македонија, Вархеји утре во Скопје

Европската комисија попладнево ќе го објави годишниот извештај за Северна Македонија. Во документот, кој претходно ќе се разгледува на ниво на Колеџ на комесари (неделна седница на Европската комисија), се содржани оценките на Брисел за постигнувањата на земјава во спроведувањето на реформите во изминатата година.

Веќе утре, еврокомесарот за проширување доаѓа во земјава. Според информациите на „360 степени“, станува збор за неколкучасовен престој на Оливер Вархеји во Скопје.

Во текот на посетата е предвидено еврокомесарот да се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и со надлежните министри во Владата.

Во агендата на Вархеји, која сѐ уште не е финализирана, оставен е простор за негово обраќање во Собранието. Се очекува еврокомесарот да прати пораки на поддршка за сработеното, но и да укаже на тоа што треба да се преземе во идниот период.

Очекувањата во земјава, но и во Европската комисија, како и кај дел од влијателните земји членки, како Германија, која е претседавач со Советот на ЕУ, се дека во декември ќе се одржи првата меѓувладина конференција меѓу земјава и ЕУ, што ќе значи и де факто почеток на преговорите за членство.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More