21.7 C
Skopje, NM
24/06/2021
DailyNews.mk
Регион

Дирекција за цивилно воздухопловство на БиХ: Авиони поседуваат 32 лица

Во БиХ во моментот има регистрирано 91 цивилен авион чии сопственици се воглавно аеро клубови, но и 32 лица, покажуваат податоците на Дирекцијата за цивилно воздухопловство.

Пред седум години во земјата имаше 77 летала од кои 20 во приватна сопственосткако и еден хеликоптер, пренесува порталот „Независне“. Лани списокот беше ажуриран, па дел од авионите беа избришани, а дел додадени.

Граѓаните на БиХ кои поседуваат авиони, не може да се пофалат со нивните перформанси, ниту со нивната вредност. Воглавно станува збор за мали авиони кои, според стручњаците, имаат вредност како подобрите автомобили.

– Сите тие се евтини летала. Ако имате пари, се може да завршите на лесен начин. Да завршите образование, да купите авион и тоа е тоа. Солиден четворосед може да се набави за 80.000 до 100.000 марки. Значи чини како добар автомобил“, вели Омер Кулиќ, доктор на науки од областа на авијацијата.

Според достапните информации, патот до сопствеништво на авион е едноставен за оние кои имаат пари и може да се набави преку интернет. Леталото потоа подлежи на одредени прегледи, издавање на дозвола додека обуката чини околу 20.000 конвертибилни марки.

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Евростат: Бугарите се најсиромашни во ЕУ

Admin

Хаг бара Црна Гора да истражи 15 лица обвинети за воени злосторства

Admin

Харадинај: Да ги зачувавме даноците, Србија ќе не признаеше

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More