19.8 C
Skopje, NM
28/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Димитров – Вуцас: Австрија е една од најгласните поддржувачи за пристапувањето во ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска се сретна со амбасадорот на Австрија во Македонија, Георг Вуцас, на којашто стана збор за активностите на Владата во наредниот период со фокус на исполнување на реформската европска агенда, за австриската поддршка на нашиот евроинтеграциски процес, како и за билатералната соработка.

– Австрија е една од најгласните и најголеми поддржувачи за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија и воопшто за политиката на проширување во контекст на регионот. Конзистентната и принципиелна австриска поддршка е од суштинско значење периодов за нашиот европски исчекор – истакна Димитров, при што изрази надеж дека во најскоро време ќе се изнајдат модалитети за билатерална соработка во рамките на австриската развојна помош со акцент на реформските приоритети.

Во овој контекст двајцата соговорници се заложија за продлабочување на билатералната соработка, како и преку Твининг и ТАИЕКС механизмите на ЕУ.

Related posts

Gati dy mijë qytetarë kanë nënshkruar peticionin për zgjidhjen e problemit me qentë e pastrehë në Gostivar

Admin

Apel për kumanovarët që akoma nuk janë regjistruar

Admin

Mickovski nuk pret fitore në Shkup

Admin

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com