19.8 C
Skopje, NM
21/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Димитров: Новата методологија ќе придонесе за интеграција во ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, се сретна со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.

Димитров му се заблагодари на францускиот амбасадор во заминување за неговата лична посветеност и принципиелна работа во насока на развој на демократските и европските вредности во нашата земја, посакувајќи му успех во неговите професионални ангажмани.

– Една стратешка определба остваривме, станавме сојузници во НАТО. Верувам дека заеднички ќе работиме и на европското сојузништво – истакна Димитров, нагласувајќи дека новата методологија креирана на француска иницијатива не само што ќе му даде квалитет на процесот, туку ќе придонесе и за интеграција по заслуга, според имплементацијата на конкретни реформи.

Димитров изрази задоволство за најавата за вклучување на Северна Македонија меѓу географските приоритети за развојна соработка на Франција, во рамките на идните планови на француската Влада за земјите од Западен Балкан, што ќе придонесе за зајакнување на француското влијание како меѓународен актер за развој на регионот.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More