15.8 C
Skopje, NM
13/06/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Регион

Дендиас во Приштина: Косово и Грција ќе ја јакнат економската соработка

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас допатува денеска во официјална посета на Косово, каде што беше примен од премиерот Авдулах Хоти, а претходно се сретна и разговараше и со шефицата на косовската дипломатија Мелиза Харадинај-Стубла, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението од кабинетот на Хоти, на средбата со првиот грчки дипломат станало збор за политичките состојби во земјата, јакнењето на соработката меѓу двете држави, посебно на економски план, како и за процесот на конечниот дијалог меѓу Република Косово и Република Србија, кој, како што се наведува, „треба да се оконча со нивно меѓусебно признавање“.

– Поддржувачката улога на Грција за Косово е исклучително значајна, затоа што таа е членка на Европската Унија и НАТО, организации во кои Косово тежнее да се зачлени, се цитира Хоти во соопштението, во кое се нагласува дека акцент на преговорите е ставен на економската соработка на двете земји, посебно на полето на енергетиката.

Дендиас изјавил дека „Грција останува посветена на тоа да му помогне на Косово во неговиот евроатлантски пат, како и на натамошното збогатување на економската соработка меѓу двете земји“.

На новинарското прашање што му беше поставено при пристигнувањето на приштинскиот аеродром „дали може да се очекува Грција да го признае Косово“, шефот на грчката дипломатија одговори дека „прашањето на признавање не е прашање на надеж, туку е прашање на воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји“.

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Харадинај-Стубла по средбата со Дендиас изјави дека „ова е еден значаен ден за Косово“ и „јасна порка дека односите меѓу двете земји се продлабочуваат не само во рамките на евроинтеграциите, туку и на меѓудржавно ниво“.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More