11.8 C
Skopje, NM
24/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Д-р Никола Пановски: Не очекува национална катастрофа ако сите политички лидери и верски заедници не повикаат на послушност

Новите рестриктивни мерки ќе дададт резултати смета микробиологот, д-р Никола Пановски во разговор за Фактор, напоменувајќи дека навистина сите мора да ги почитуваат ако не сакаме да доживееме национална катастрофа.

-Претходните мерки кои беа воведени во текот на пролетта имаа огромен ефект во спречувањето на ширењето на корона вирусот. И сега би требало да биде така, зошто на граѓаните очигледно не смее се да им се дозволи. Едноставно премногу се опуштија и очекувани се вакви бројки на новозаразени, вели д-р. Пановски.

Истовремено смета дека епидемиолошката состојба допрва ќе се влошува. Во текот на есенските и зимските месеци, како што вели, очекува уште поголем број заболени, особено што во тој период има и многу други заболувања, како што се настини, сезонски грип, респираторни бактериски и вирусни болести, и така натаму.

-Очекувам влошување на епидемиолошката состојба бидејќи по воведувањето на рестриктивните мерки кои главно се донесуваат, сега за сега, на угостителските објекти, народот ќе почне да се собира по дома, да има домашни журки и повторно ќе има голем број новозаразени. Јас сметам, па и предлагам, ако не сакаме да доживееме национална катастрофа, треба сите да се соберат, мислам на партиите, но навистина сите политички партии без исклучок и претставници на верските заедници и да излезат јавно, на телевизија, на заедничка прес-конференција и да упатат еден апел да нема масовни собирања, слави, родендени, крштевки, свадби и се што подразбира масовно собирање. Само така може да ја надминеме кризата со епидемијата. Барањето оставки од властите ниту е решение, ниту пак има некаква смисла, потенцира д-р. Пановски во нашиот разговор.

Истовремено вели дека голем ризик претставува и јавниот превоз, особено меѓуградскито. Во малите комбиња кои секојдневно возат од град во град има премногу луѓе, патувањето трае подолго и макар и само еден заболен да има, ќе се заразат сите.

-И во однос на ова треба да има рестриктивни мерки. Не може возачот да пренесува патници со полн капацитет кога постои голем ризик од ширење на заразата во мал затворен простор. Колку што знам, една од препораките на Комисијата за заразни болести ќе биде и ова. И секако да се надеваме дека ќе има резултати да ја одржиме состојбата под контрола и да не дозволиме да се преполнат болничките капацитети, бидејќи тогаш навистина ќе се соочиме со сериозен проблем, појаснува д-р. Пановски за Фактор.

Инаку, во текот на вчерашниот ден Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести со кои се забрануваат јавни настапи на пејачи и диџеи во угостителските објекти, а на масите е дозволено да седат само по четворица луѓе. Ваквата одлука следува откако во главниот град имаше бурен викенд со мини концерти, пред се двата настапи на српскиот пејач Владо Георгиев во ексклузивниот бар Мош во центарот на Скопје. „Мош“ заработи и прекршочни и кривична пријава за загрозување на јавното здравје, а иста таква кривична пријава има и за кафе-барот Интермецо, каде во петокот имало неконтролирано огромен број на луѓе.

Related posts

Mickovski nuk pret fitore në Shkup

Admin

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

Diabetes and Covid 19: Self-care tips to manage the condition amid pandemic

Admin

Buckingham Palace garden visitors write bad reviews on TripAdvisor: ‘I feel robbed by royals’

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com