18.8 C
Skopje, NM
28/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

ЦЈЗ ги заврши епидемиолошките анкети, ниту еден пратеник или вработен во собраниските служби нема да оди во изолација

Ниту еден пратеник или вработен во собраниските служби нема да оди во изолација поради Ковид-19 откако беше соопштено дека двајца пратеници се позитивни на вирусот. Ова за МИА го соопшти директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов, кој рече дека во Собранието на Република Македонија се почитуваат сите мерки и препораки за превенција од Ковид-19.

Пратеникот Лазе Таневски од СДСМ денеска преку својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на Ковид-19, додека вчера собраниските служби информираа за пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ. Таневски правел тест за ковид бидејќи сакал да патува во странство со семејството и е во изолација во домашни услови, додека Јахоски имал зголемена телесна температура и е хоспитализиран на Инфективната клиника.

Министерот за здравство Венко Филипче претходно денеска изјави дека во текот на денов ќе се знае колкумина пратеници треба да одат во самоизолација бидејќи се уште се изработуваат епидемиолошките анкети.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери не коментираат како ќе се одвива работата на законодавниот дом во наредните недели.

Џафери претходно повеќе пати предупреди дека работата на Парламентот мора да се усогласи со новите услови за работа, но тоа да се случи треба промена на Деловникот за работа на Собранаието. Владејачките партии предводени од СДСМ сметаат дека парламентот треба да има можност за онлајн-работа, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Уставот тоа не го дозволува.

Министерот за здравство Филипче денеска рече дека негова и пепорака на Комисијата за заразни болести од почетокот на кризата е секој што може да работи од дома, онлајн, тоа да го стори, а оваа препорака се однесува и на пратениците.

– Тоа е наша препорака од почетокот на кризата. Секој што може онлајн да работи од дома тоа да го направи. Впрочем, и пратениците треба да се свесни дека на тој начин го штитат нивното здравје. Нема потреба од групирање, нема потреба од преземање таков ризик. И сега поразговарав со дел од пратениците кои беа тука присутни и го препорачав истото, рече Филипче, по положувањето на свежо цвеќе пред споменикот кај зградата на Владата, по повод 11 Октомври.

Related posts

Gati dy mijë qytetarë kanë nënshkruar peticionin për zgjidhjen e problemit me qentë e pastrehë në Gostivar

Admin

Apel për kumanovarët që akoma nuk janë regjistruar

Admin

Mickovski nuk pret fitore në Shkup

Admin

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com