18.8 C
Skopje, NM
28/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Бујар Османи на видео-средба со Хајко Мас за членството во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари видео средба со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас. Во таа прилика, Мас му упати честитки за изборот на Османи и му посака многу успех во вршењето на новата должност, но и плодна билатерална соработка на две блиски и пријателски земји кои остваруваат интензивна економска и трговска размена.

„Одржувањето на првата Меѓувладина конференција, често користен технократски термин, има големо симболично значење за нашиот европски пат. Тоа ќе значи потврда на реформската определба и европскиот курс на земјата. Покрај политичката симболика, стартот на преговорите ќе значи почеток на најобемната и најкомплексната административно – техничка операција со која досега сме се соочиле. Тоа е сериозен предизвик за целото општество, а не само за Владата, во кое ќе мора да ги подигнеме своите перформанси и сите заедно како политичари, државни службеници, но и стопанственици, синдикати и претставници на граѓанското општество да ја сплотиме својата енергија и напори кон остварување на оваа цел“, беше истакнато на разговорот.

Соговорниците заеднички констатираа дека завршетокот на 2020 година и претседателство на Германија со ЕУ нуди неповторлива и неодминлива шанса Северна Македонија, по членството во НАТО, да започне со исполнување на вториот државен стратешки приоритет, членство во ЕУ.

„Почетокот на преговорите ќе значи конвергенција на нашето општество кон правилата, стандардите и вредностите на Европската Унија, цел која не претставува причина самата за себе, туку процес кој нуди можности за постепена интеграција, процес во кој од нас самите ќе зависи колку придобивки ќе обезбедиме за себе и во текот на самите преговори“, истакнаа соговорниците

Министрите особено внимание посветија и на Берлинскиот процес, кој беше инициран од Канцеларката Меркел во 2013 година. Османи потенцираше дека заедничкото ко-претседавање со Бугарија на 10 ноември ќе претставува одлична можност успешно да се круниса овој процес, со значителни резултати и испораки во форма на Економско инвестицискиот план за целиот регион.

Related posts

Gati dy mijë qytetarë kanë nënshkruar peticionin për zgjidhjen e problemit me qentë e pastrehë në Gostivar

Admin

Apel për kumanovarët që akoma nuk janë regjistruar

Admin

Mickovski nuk pret fitore në Shkup

Admin

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com