18.8 C
Skopje, NM
28/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Битиќи- Баздникин – Да го одржиме континуитетот во трговската размена и да ја зголемиме економската соработка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. Сергеј Баздникин, со кого разговараа за економските односи помеѓу двете земји.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека по остварување на првата стратешка цел, членството во НАТО, стратешкиот интерес на Република Северна Македонија остануваат евро-интеграциските процеси и членството на нашата земја во ЕУ, но и одржување на добри билатерални односи со традиционална пријателските земји како што е Руската Федерација.

На состанокот се разговараше и за четирите сета економските мерки кои Владата ги донесе за поддршка на граѓаните и стопанството и ублажувањето на негативните ефекти од социо-економската криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот. Соговорниците се согласија дека антикризните мерки ги даваат посакуванте резултати, како и дека сите земји ќе мора да продолжат со креирање на иновативни решенија за надминување на кризата.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека пандемијата е предизвик за земјите од целиот свет, а нагласи дека при креирањето на мерките се внимава во нив да се содржи и развојна компонента, која ќе ги поттикне компаниите на иновативни решенија, дигитализација на процесите, намалување на бирократијата и сивата економија.

Зголемувањето на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Русија е заедничка заложба на вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Бездникин, на средбата ги афирмираа определбите за зголемување за трговската размена, а разговараа и за условите за инвестирање во земјата. Вицепремиерот Битиќи му порача на амбасадорот Баздникин дека имаме одлични услови за реализација на нови инвестиции од странски компании, како и дека ќе се работи на унапредување на грижата на странските инвеститори за време на реализацијата на инвестицијата и целото време додека работат во Северна Македонија.

Related posts

Gati dy mijë qytetarë kanë nënshkruar peticionin për zgjidhjen e problemit me qentë e pastrehë në Gostivar

Admin

Apel për kumanovarët që akoma nuk janë regjistruar

Admin

Mickovski nuk pret fitore në Shkup

Admin

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com