15.8 C
Skopje, NM
13/06/2021
DailyNews.mk
Свет mk

Безбедносна тревога во Лондон, полицијата ги откри причините зошто

Лондонската полиција откри која е причината за тревогата во Лондон, во кој беше блокирана болницата „Сент Томас“, но и мостот Вестминстер кој води кон зградата на Парламентот.

Беше издадено безбедносна тревога во близина на болницата каде што се лекуваше премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, кога се зарази со корона, а очевидците за британските медиуми изјавија дека полицијата не дозволува пристап до мостот, а вооружената полиција влегла во болницата.

Лондонската полиција сега, по првичната тајност, соопшти дека станува збор за закани упатени од едно лице во болницата.

Поради тоа, вооружена полициска патрола отишла во болница. Според нив, полицијата го идентификувала човекот кој се заканувал и разговарале со него. Беше соопштено дека никој не е уапсен, дека болницата не била евакуирана и дека нема закани за тероризам.

Англиските медиуми претходно објавија дека имало безбедносен инцидент во Сент Томас, а областа била затворена, како и мостот Вестминстер.

Related posts

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Ердоган: Турција сака да ja гради иднината со ЕУ

Admin

Во Италија масовно апсење поради детска порнографија

Admin

ЕК: Вакцина за сите во исто време, сразмерно бројот на жители

Admin

Навални: Знам кој сакаше да ме убие

Admin

Нов Зеланд – единствена земја во светот која се справи со коронавирусот

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More