39.8 C
Skopje, NM
29/07/2021
DailyNews.mk
Спорт

Барса му ја уништи самодовербата, формата на Гризман е проблем за Франција

Антоан Гризман е причината за неефикасната игра на Франција против Португалија смета прославениот француски фудбалер Алан Жирес. Франција и Португалија во 3 коло во Лигата на нации одиграа 0:0. Французите сметаат дека Гризман откако се пресели во Барселона не е на нивото на кое што бил во Атлетико и дека поради тоа трпи репрезентацијата.

„Ја изгуби самодовербата, а Дидие Дешам го форсира за да го врати во форма. Но тој го става да игра како „десетка“, а тој не е тоа. Секогаш сум говорел дека доколку играта треба да се врти околу некого тоа треба да биде Оливие Жиру. На Светското првенство игравме така, со Мбапе на едната и Матуиди на другата страна“, рекол Жирес.

„Разговаравме за ромб формацијата 4-4-2, знаеме дека за таква формација се потребни играчи кои добро се надополнуваат. Но на последните два натпревари Дешам го стави Гризман да игра зад Мбапе и Жиру. Против Португалија Гризман повеќе играше како „лажна деветка“ и воопшто не му беше од помош на Жиру. Од друга страна на Мбапе му треба простор, тој не може да игра блиску до другиот напаѓач“.

Жирес, Европски првак со Франција во 1984 година, има предлог за Дешам како „триколорите“ да играат против Хрватска.

„Би се обидел да играме како на СП во Русија, кога редот за врска одлично соработуваше со нападот. Значи напред Жиру, по страните Мбапе и можеби Коман. Гризман би требало да му биде поддршка на Жиру, но не како „десетка“. Мислам дека тоа би функционирало совршено. Но пред се Гризман треба да ја врати самодовербата“, заклучил Жиру.

Репрезентацијата на Франција утре во Лигата на нации ќе гостува во Хрватска.

Related posts

Левандовски ги победи Меси и Роналдо за наградата на ФИФА

Lea Musliju

Казната на Русија скратена на две години, остануваат без химна и знаме

Lea Musliju

Волејот на Ибрахимовиќ е најдобар гол во историјата на МЛС лигата

Lea Musliju

„Овој Манчестер јунајтед може да ја освои титулата“

Lea Musliju

Клоп ќе остане без омилениот „џокер“

Lea Musliju

Ривер Плејт го декласираа Насионал

Lea Musliju

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More