23.8 C
Skopje, NM
19/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

Баросо е новиот претседател на клучната коалиција против коронавирусот

Поранешниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо е назначен за претседател на Сојузот Гави, кој го надгледува системот за глобален пристап до вакцината против коронавирусот под покровителство на Обединетите нации.

Управниот одбор на Гави, во кој членуваат УНИЦЕФ, Светската здравствена организација, Светската банка и Фондот Бил и Мелинда Гејтс, едногласно го потврдија изборот на поранешниот португалски премиер, кој десет години беше на чело на Европската комисија, а потоа работеше во инвестициската банка Голдман Сакс.

– На светот му треба Гави повеќе од било кога и да гарантира дека вакцината против Ковид-19 ќе стигне до сите земји, богати и сиромашни, и за продолжување на главната мисија, да заштити милиони луѓе од болести што можат да се избегнат, рече Баросо.

Ова јавно приватно партнерство е основано во 2000 година за да се обезбеди пристап до вакцините во сиромашните земји.

Од избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, организацијата со седиште во Женева СЗО ја задолжи да го координира системот на ОН за глобален пристап до вакцина против Ковид-19, наречен Ковакс.

Поранешниот португалски премиер ќе ја наследи Нигеријката Нгози Окоњо-Ивеала, која сега е кандидатка за директор на Светската трговска организација, а нејзиниот мандат во претседателството на Гави завршува на крајот на декември.

Related posts

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

Diabetes and Covid 19: Self-care tips to manage the condition amid pandemic

Admin

Buckingham Palace garden visitors write bad reviews on TripAdvisor: ‘I feel robbed by royals’

Admin

Princess Beatrice opens up about living with dyslexia: Know all about the learning disorder

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com