30.8 C
Skopje, NM
25/07/2021
DailyNews.mk
Економија Избор од уредникот

Американскиот долг во 2050 година е проектиран на 195 отсто од БДП

Пандемијата на коронавирусот во наредниот период ќе ги влоши долгорочните фискални перспективи на САД, а јавниот долг во 2050 година би можел да биде речиси двојно поголем од Бруто домашниот производ (БДП), соопшти независниот институт ЦБО.

Освен ако не се променат законите за даноци и потрошувачка, јавниот долг до 2050 година ќе достигне 195 проценти од американскиот БДП, соопшти Институтот во долгорочните прогнози за буџетот. Во ова НВО се вработени поранешни функционери на американската Централна банка (ФеД), Министерството за финансии и Конгресот.

Оваа прогноза САД  би ги доближило до нивоата што сега се забележани во Јапонија и Грција, пренесуваат британските медиуми

Шансите се значително влошени од минатата година, кога беше прогнозирано дека американскиот јавен долг во 2049 година се очекуваше да достигне 144 проценти од БДП.

До крајот на оваа година јавниот долг ќе достигне 98 проценти од БДП, додека во 2019 година тој беше 79 проценти, а во 2007 година, непосредно пред избувнувањето на големата финансиска криза, тој беше само 35 проценти од БДП.

Долгот го влошуваат повисоките буџетски дефицити, поврзани со бавното закрепнување од пандемиската криза, повисоките трошоци за камати за нивно финансирање и очекуваниот раст на трошоците за здравствени и социјални програми што ги носи стареењето на населението.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More