DailyNews.mk
Економија

Американската стопанска комора во Македонија одбележа 20 години постоење

Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) на 6 октомври го организираше 20-тото по ред генерално собрание на кое учествуваа Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија Нејзината Екселенција Кејти Мери Брнс, членовите на одборот на директори, повеќе од 70 компании-членки на комората, како и партнери и поддржувачи.

Собранието, покрај својот работен дел, вклучуваше и одбележување на 20-годишнината од постоењето на АмЧам, а воедно и признание за значајните успеси во текот на изминатите години. Во рамките на настанот, беа избрани новите членови на одборот на директори на АмЧам: Маја Филипчева – директор за даноци во Грант Тортон; Никола Љушев – главен и извршен директор на Македонски Телеком; Ламбро Патче – Менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје, Кока-Кола и Хајнекен; Иван Новаковски – директор на НОВА Интернационално училиште и Јордан Димитровски – сопственик и генерален директор на Аитоникс.

Главниот гостин-говорник на настанот, Амбасадорката на САД, во своето обраќање се осврна на релациите помеѓу САД и Република Северна Македонија и притоа изјави: „Денес го славиме успехот на АмЧам. Оддаваме признание за вашата посветеност во поттикнувањето партнерство помеѓу нашите две земји. Свесни сме дека поради вас и вашите напори, бизнис релациите, како и поврзувањето на луѓето помеѓу РСМ и САД, денес се многу подлабоки, пошироки и поцврсти”.

Претседателот на АмЧам, г. Љупчо Георгиев, во неговиот говор зборуваше за постигнувањата на АмЧам, предизвиците со кои се соочи комората поради кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19, како и трансформацијата на организациските процеси со цел полесно справување со можните ризици.

„Пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 отвори врата за уште поголеми предизвици. Време во кое животот и бизнисот какви што ги познававме се претворија во една нова реалност – глобално, локално, без никакви исклучоци. Иако, сега можеби ни изгледа дека влијанието на пандемијата врз начинот на кој живееме и работиме е многу тешко и длабоко, сепак, сметам дека сега е моментот да размислуваме за раст и развој и како да бидеме посилни, подобри и приспособливи,” рече тој.

Вториот дел од настанот беше посветен на 20-годишниот јубилеј во чија чест се одржа и панел-дискусијата „Пред 20 години и сега” во која учествуваа двајца значајни панелисти, г. Кристијан Поленак, основач и претходен претседател на АмЧам и партнер во адвокатското друштво Поленак и г. Љупчо Георгиев, претседател на АмЧам и генерален менаџер на Мајкрософт во РСМ.

Текстот Американската стопанска комора во Македонија одбележа 20 години постоење е превземен од А1он .

Related posts

Пошта месецов ќе склучи договор со „Халк банка“, платниот промет ќе почне до март

Admin

Догодина постепено стабилизирање на странските директни инвестиции, вели гувернерката Ангеловска Бежоска

Admin

Косовската дијаспора годинава испратила во земјата 800 милиони евра

Admin

Помош од 6.000 денари, на одредени места ќе може да се трошат парите

Admin

Бектеши: В понеделник ќе ја објавиме мерката за враќање на туристичката такса од 2019 година

Admin

ВИДЕО: 17.2 милиони евра ќе бидат поделени на 400 компании за помош од ковид-кризата

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More