15.8 C
Skopje, NM
28/09/2021
DailyNews.mk
Uncategorized

7 модни заповеди на кралицата на стилот: Ана Винтур не го поднесува ова и го смета за невкусно

Највлијателната жена во модата без сомнеж е Ана Винтур, која е позната по своите остри ставови што е добар вкус и што ја сочинува една жена со стил.

Модните дизајнери честопати во последен момент ги менуваат своите колекции поради нејзиното мислење, што доволно зборува за тоа колку ја ценат или колку се плашат од неа. 

Во продолжение, прочитајте неколку правила за доброто облекување на најстрогата модна критичарка.

Некои од најголемите светски ѕвезди никогаш нема да ги видите облечени двапати во исто парче облека или иста комбинација. Но, Ана не се согласува со тоа и советува да ја рециклираме облеката.

„Секогаш е забавно да имате нешто ново, но тоа не значи дека морате да го фрлите сето она што веќе го имате во плакарот. Рециклирајте. Тоа е во ред. Дури и ви го препорачувам тоа“, вели таа.

Не дозволувајте во вашиот плакар да преовладуваат моментално најпопуларните парчиња кои се „ин“ и секогаш оставајте најмногу простор за класична облека. Меѓутоа, постојат и вечни трендови кои одамна станале класика.

Ана Винтур претпочита дискретни парчиња облека, без впечатливи натписи и логоа кои го свртуваат вниманието од она што е најважно во модата – убавината на самата облека, нејзиниот крој дезени или бојата.

Купувањето на такви парчиња е поисплатливо на долг рок бидејќи веројатно ќе се уморите од маици со некаков инспиративен цитат или лик од некој цртан филм, но едноставната маица секогаш ќе сакате повторно да ја облечете бидејќи полесно можете да ја комбинирате во разни прилики.

Ана повеќе од 20 години носи ист модел на чевли. Сандалите со потпис на „Маноло Бланик“ за прв пат ги облекла во 1994 година и оттогаш не може да живее без нив.

Кога во една прилика ја прашале Винтур кој моден тренд засекогаш би го забранила, нејзиниот одговор гласел: „Јас навистина не сакам најлон“. Највлијателната жена во светот на модата претпочита што поприродни материјали.

„Не заборавајте да носите очила, особено ако тенисерите инсистираат да ги носат оние грди флуоресценти бои“.

Таа вели дека обожува храбри бои и не се двоуми кога ги носи, но во нејзиниот ормар нема место за флуоресцентни нијанси.

Related posts

Gati dy mijë qytetarë kanë nënshkruar peticionin për zgjidhjen e problemit me qentë e pastrehë në Gostivar

Admin

Apel për kumanovarët që akoma nuk janë regjistruar

Admin

Mickovski nuk pret fitore në Shkup

Admin

South Korea designates arriving Afghans as ‘persons of special merit’

Admin

23,845 active cases with covid in Kosovo

Admin

Vucic receives invitation to attend enthronement of Metropolitan Joanikije in Montenegro

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com