Џенифер Лопез во неделата наутро сподели жешки фотографии промовирајќи ги своите чизми „Финола“ од црна лакирана кожа по цена од 99,99 американски долари.
Во вториот кадар, 51-годишната поп-дива се потпира на луксузен автомобил во кратки кафеави чизми „Џoрди“ по цена од 79,99 американски долари.
Џенифер, која може да се пофали со 250.6 милиони следачи на социјалните мрежи, својата објава ја наслови: „Ајде да ги започнеме празниците малку порано затоа што тоа го заслужуваме!“
Поп-дивата неодамна заплови во дизајнерските води. Таа потпиша платено партнерство со Designer Shoe Warehouse (DSW) на 16 март. Нејзината колекција од 74 парчиња се движи од 34.98 до 149.99 долари.