28.5 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Ќе се зајакне легислатива за заштита на новинарите, тврди Маричиќ

Министерот за правда, Бојан Маричиќ денеска на прес-конференција изјави дека имал работна средба со ЗНМ, со Синдикатот на медиумите и со Советот за етика на која ги отвориле темите коишто се поврзани со зајакната легислатива за заштита на новинарите и генерално на медиумските работници.

-Веќе таа идеја е пренесена во групата која што работи на Кривичниот законик или на создавање на нов кривичен законик во којшто имаме зајакната законска рамка за оние кривични дела кои се да речам потешки кривични дела сторени против новинари или против медиумски работници да има зголемени казни. Мислам дека во текот на креирањето на овој закон ќе продолжиме да разговараме со сите медиумски работници за да најдеме решение кое што ќе ја зајакне и законската рамка, но уште побитно и праксата на институциите за заштита на медиумите и на новинарите од говор на омраза или пак од кривични дела предизвикани од омраза, рече Маричиќ.

Додаде дека на оваа тема треба да се спроведе дополнителна едукација на кадрите во извршната власт, меѓутоа и во обвинителството и во судството за тоа како посоодветно или како подобро да се заштитат медиумите и новинарските работници при нивната секојдневна работа и соочување со евентуални напади или говор на омраза.

Related posts

Тачи: Дијалогот пропадна, бидејќи вака како што се води оди во корист на Србија

admin

Захариева: Северна Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена

admin

Во Албанија 832 новозаразени и 12 починати од Ковид-19

admin