29.4 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Јас сум добро!, Бритни Спирс им кажа на загрижените фанови

Поп-sвездата Бритни Спирс се обиде да ги смири фановите кои се загрижени за нејзиното ментално здравје, велејќи дека таа се чувствува најсреќна.

Спирс (38), чии деловни и лични работи ги контролира нејзиниот татко од 2008 година, објави видео на Инстаграм во кое се осврнува на постојаните коментари во таблоидите и социјалните мрежи дека не ѝ оди добро.

„Знам дека има многу коментари и многу луѓе кои зборуваат многу различни работи за мене, но сакам да им дадам на знаење на сите дека сум добро“, рече пејачката во видеото во вторникот.

„Јас сум најсреќна од било кога во мојот живот “, додаде таа.

Мала, но гласна група фанови започнаа кампања #FreeBritney („Ослободете ја Бритни“) чија цел е да се укине трајното старателство што го наложи судот откако Спирс претрпе ментален слом пред околу 12 години.

Фановите велат дека Бритни долги години е во заробеништво со одлуката да не може сама да располага со своето богатство, и дека татко ѝ всушност е нејзиниот поробувач.

Фановите тврдат дека пејачката е заробена во нејзиниот дом во Лос Анџелес и дека испраќа тајни сигнали преку нејзините профили на социјалните мрежи со кои моли да биде ослободена.

Related posts

Ријана и Асап Роки на интимна вечера во Њујорк

admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

admin

Помпео: Во Венецуела се случува измама и илузија, а не избори

admin