29.7 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Ѕвездите дефилираа во блескави изданија на „ЦМА“ наградите

Кери Андервуд, Миранда Ламберт и Марен Морис го донесоа гламурот на црвениот тепих на 54. церемонија на доделување на кантри музички награди во средата вечерта во Нешвил.

Наградите на Асоцијацијата за кантри музика (CMA Awards) ги почестија најновите и најдобрите од овој жанр со церемонија исполнета со перформанси. И многумина од присутните во текот на ноќта продфилираа на црвениот тепих пред да ги заземат своите места во Music City Center во Нешвил, Тенеси.

Церемонијата беше една од првите со публика во живо откако светот се соочува со пандемијата, со ограничен број на присутни седнати на одделни маси во согласност со пропишаните мерки за социјално дистанцирање.

Со класичен црвен тепих и публика – иако со редуциран капацитет, со физичка дистанца и строго дефиниран протокол за движење и со значително помал број на филски ѕвезди, филмски работници и медиуми, сепак ова издание на „ЦМА“ во одредена мера го враќа амбиентот од стандардите пред корона-кризата.

Related posts

The situation with Covid is critical, the hospitals are overcrowded

admin

World shares rise on recovery hopes, following stellar November

admin

Владата во Италија не дава пари за спас на Серија А

admin