29.4 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Ѓукановиќ: Берлинскиот процес има незаменлива улога во јакнењето на регионалната соработка

Берлинскиот процес има незаменлива улога во јакнењето на регионалната соработка и поврзувањето на земјите од регионот со Европската унија на патот кон интеграцијата, нагласи денеска претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ рече дека регионалната соработка несомнено носи позитивни резултати и го забрзува развојот, на „нашите економии и општества како целина“.

– Стабилен, економски и демократски развиен Западен Балкан е геополитички императив, нагласи Ѓукановиќ во говорот на онлајн самитот на Западен Балкан и ЕУ, чиј домаќин е Софија.

Тој посочи дека не постои подобра гаранција за долгорочно одржување на мирот од забрзаниот социјален развој на сите земји во регионот. –

Берлинскиот процес е потврден како најдобра рамка за динамизирање на соработката со цел напредок и исполнување на критериумите за целосна интеграција во ЕУ, додаде Ѓукановиќ.

Related posts

Fati yt/ Horoskopi, 5 nëntor 2021

admin

Shenjat e horoskopit që përballen me problemet me një buzëqeshje në fytyrë

admin

Новата министерка за надворешни работи на Нов Зеланд е Маорка со тетоважа на лицето

admin