28.5 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Чичкото на Надал ќе добие директорско место во Барселона

Тони Надал, чичкото на тениската ѕвезда Рафаел Надал, ќе биде дел од тимот на Виктор Фонт, доколку шпанскиот бизнисмен биде избран за претседател на фудбалскиот клуб Барселона.

Виктор Фонт пред две години објави дека ќе се кандидира за претседателската функција во еден од најпознатите клубови во светот.

Извршниот директор на „Делта Партнерс Гроуп“, соопшти дека Тони Надал, ќе биде во неговата администрација доколку ги добие изборите кои треба да се одржат во јануари или февруари наредната година.

Братот на Тони, Мигел Анхел Надал во 90-години од минатиот век играше со голем успех за Барселона.

Тони Надал, беше тренер на својот внук Рафаел 27 години, се повлече од таа функција во 2017 година. Во кариерата како тренер освои 75 трофеи во сингл и 11 во дубл.

Related posts

Novelty purses, pocketbooks, handbags are fashion trend

admin

Најмалку десет студенти загинаа при напад на Универзитетот во Кабул

admin

Dy shenjat e horoskopit me fat për sot

admin