30.9 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Чавушоглу: „Мора да продолжи борбата против идеологиите кои го злоупотребуваат исламот“

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ја нагласи потребата за да се продолжи борбата против идеологиите кои го злоупотребуваат исламот, осудувајќи го терористичкиот напад што се случи во Виена, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Особено треба да ја продолжиме нашата борба за да ги уништиме идеологиите кои го злоупотребуваат исламот, нашата религија на мирот“, изјави Чавушоглу на прес-конференцијата во турскиот главен град Анкара.

Чавушоглу ги пофали Реџеп Таип Ѓултекин и Микаил Озер, двајцата турски државјани кои ги ризикуваа своите животи влегувајќи во линијата на огнот за да им помогнат на ранетите цивили.

„Нашите двајца браќа го направија она што еден човек, муслиман и Турчин, би требало да го направи“, изјави Чавушоглу.

Тој рече дека ниту еден терористички напад не треба да се оправда и дека Турција е подготвена за тесна и искрена соработка против сите пристапи што предизвикуваат тероризам.

„Најмалку три лица загинаа, од кои еден полициски службеник, а 15 лица се повредени во терористичкиот напад што синоќа се случи во Виена“, потврдуваат властите.

Седум од повредените се во критична состојба.


Највисоките турски официјални лица изразија солидарност со Австрија по нападот.

Related posts

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

admin

Бајден разговараше со Гутереш за стратешко партнерство во борбата против пандемијата

admin

Теренс Винтер го напушти проектот ТВ-серија за Бетмен

admin