Хоакин Феникс и Руни Мара конечно потврдија дека имаа син откако пред два месеци тивко го пречекаа неговото доаѓање на свет.
Двојката го спомна синот за прв пат во изјава за „Пипл“ кога коментираа за 545 деца кои допрва треба да се обединат со своите родители откако биле разделени на границата меѓу САД и Мексико.
Хоакин (46) и неговата свршеница Руни (35) ја нарекоа „неподнослива“ помислата да се одделат од сопственото дете, додавајќи дека треба да му одговорат кога ќе стане љубопитен за оваа тема подоцна во животот.
„Како нови родители, неподносливо е да се замисли како би се чувствувало нашето дете да ни го одземат еден ден, а камоли со години,“ вели двојката во писмена изјава за „Пипл“.
„Но, тоа е ситуација која ја преживуваат овие 545 деца и нивните родители. Како Американци, наша одговорност е да продолжиме да обрнуваме внимание на маките на овие семејства и да добиваме одговори зошто сè уште не се лоцирани.“