33.3 C
Los Angeles
August 8, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Хашкото обвинителството спроведува операција во Приштина

Обвинителството за злосторства на ОВК во Хаг денеска спроведува операција во Приштина, во соработка со ЕУЛЕКС и косовската полиција, изјави портпаролот на обвинителството Кристофер Бенет. Кон крајот на февруари, обвинителството објави дека поднело обвинение против неколку поранешни припадници на ОВК. Потоа, на крајот на април, главниот обвинител Џек Смит објави дека поднел обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи и поранешниот претседател на косовското собрание Кадри Весејли.

Бројни полициски сили на ЕУЛЕКС изутрината околу 06.00 часот ја блокирале куќата на Јакуп Красниќи во Приштина. За време на војната во Косово, Јакуп Красниќи беше портпарол на Ослободителната војска на Косово, многу години генерален секретар на Демократската партија, претседател на парламентот на Косово и во моментов е претседател на Главниот одбор на Социјалдемократската иницијатива.

Related posts

Бучковски на средби со државниот врв во Софија

admin

Забранети посетите на Тачи и припадниците на ОВК во притворот во Хаг

admin

Педесет нијанси на непријатност: По една година, повторно погледнете го култното интервју на Дакота Џонсон и Елен Деџенерис

admin