30.9 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Харадинај: Против мене нема никакво обвинение во Хаг

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, синоќа ја демантираше изјавата на белградскиот адвокат Предраг Савиќ дека повторно ќе се седне на обвинителна клупа на Специјализираните совети во Хаг, бидејќи против него има потврдено обвинение, што се уште не е обелоденето.

Харадинај на Фејсбук синоќа напиша дека против него не е поведена судска постапка, јави Косово онлајн.

„Почитувани граѓани, некои од нашите медиуми шират лажни вести, чиј извор се српските експоненти. Достоинствено ја бранев чистата војна на ОВК и не сум под никаков судски процес. Продолжувам да работам за да ги бранам вредностите на државата“, напиша Харадинај.

Во текот на вчерашниот ден Танјуг ја пренесе изјавата на српскиот адвокат Предраг Савиќ дека Рамуш Харадинај наскоро ќе се најде на обвинителната клупа на Специјализираните комори за Косово.

-Поради правилото „ne bis in idem“, односно дека „никој не може да биде осуден двапати за исто дело“, обвинението ќе биде помало, бидејќи Харадинај нема да може да биде одговорен зошто веќе беше ослободен од обвинение пред Хашкиот трибунал, рече Савиќ.

Савиќ додаде дека е уверен дека Харадинај ќе биде одговорен за наводите што дополнително биле собрани од истражителите.

Related posts

Мурињо: Ние сме пони во трка со коњи

admin

Маричиќ: Потребна е дигитализација на сите нивоа во судството

admin

Силен земјотрес на Филипините

admin