20.7 C
Los Angeles
August 15, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Фановите на „Слом“ убедени дека знаат кој е убиец по шокантниот пресврт во третата епизода

Серијата „Слом “ (The Undoing) ги зафати гледачите од двете страни на Атлантикот веднаш откако слета на „ХБО“ и „Скај“ минатиот месец, коментираат таблодите.

Мини-серијата од вкупно шест епизоди, во која глумат Никол Кидман, Хју Грант и Доналд Сартленд, сега е на половина пат, но драмата не покажува знаци на забавување, особено по драматичниот пресврт во третата епизода.

Откако д-р Џонатан Фрејзер (Хју Грант) беше уапсен во куќата на плажата и приведен, Грејс (Никол Кидман) и нејзиниот син Хенри мораа да се справат со неговите потенцијални злосторства.

Откритието на крајот од епизодата навидум ги потврдува теориите на многу гледачи дека Грејс е многу повеќе инволвирана отколку што првично се сметаше.

Лимитираната серија, чие дејство се базира на скриените тајни меѓу еден навидум нормален брачен пар, вклучува и злосторство што открива вознемирувачки вистини.

Приказната се одвива во светот на елеганцијата и луксузот на Менхетн. Грејс (Кидман) е психијатарка од Њујорк, а Грант е нејзиниот сопруг Џонатан, детски онколог. Животот на успешната психотерапевтка започнува да се расплетува пред објавувањето на нејзината прва книга.

Related posts

УЕФА: ЕП ќе се одржи во 12 држави

admin

„Златан е најкомплетниот фудбалер во историјата“

admin

Том Круз беше еден од најпосакуваните мажи, а сега жените бегаат од него без да се свртат! Еве зошто!

admin